Бајден, говорејќи пред новинарите во Белата куќа пред да замине за Чикаго, рече дека Путин очигледно ја губи војната во Украина и дека „ја губи војната дома и стана некако непопуларен ширум светот“.
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во понеделникот дека САД и НАТО не биле вклучени во краткотрајниот бунт на паравоената група Вагнер во Русија.
Во својата прва реакција на бунтот, тој рече дека е „премногу рано“ да се процени какво влијание ќе има врз војната во Украина, пренесе АП.