петок, 18 октомври 2024

Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја“, рече Бајден.

„Руската брутална и со ништо испровоцирана војна против Украина предизвика хуманитарна катастрофа. Невини цивили се убиваат на улиците, а милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Тоа не е само прашање на Европа, туку и на целиот свет“, рече тој.

Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин во Украина „се обидува да ја згасне целата култура“ и изјави дека руските сили ги гаѓаат украинските училишта, цркви и музеи.

Соединетите Држави, рече Бајден, ќе продолжат да работат со партнерите и „да го предводат глобалниот одговор“ на руската инвазија.

Американскиот претседател го повтори својот став дека се работи за „момент на трансформација“ за целиот свет, односно на прашањето дали ќе надвладеат демократиите или автократиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ