недела, 27 октомври 2024

Бајден објави реклама до гласачите на Хејли: „Трамп не ве сака. Има место кај мене“ (ВИДЕО)

Кампањата на претседателот Џо Бајден директно им се обрати на поддржувачите на поранешната републиканска претседателска кандидатка Ники Хејли, која беше последниот голем предизвикувач на Доналд Трамп пред да се откаже од трката на почетокот од овој месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Гласачи на Ники Хејли, Доналд Трамп не го сака вашиот глас“, напиша Бајден во објава на социјалните мрежи во петокот, која вклучуваше линк до новата реклама од неговата кампања. „Сакам да бидам јасен: Има место за вас во мојата кампања“.

Рекламата прикажува видео клипови на кои Трамп ја навредува Хејли и ја обезвреднува нејзината кандидатура.

„Таа полуде, таа е многу лута личност“, вели Трамп во еден видео клип за својата поранешна амбасадорка при Обединетите нации.

Извор близок до Ники Хејли рече дека ниту Бајден ниту кампањата на Трамп не ја контактирале за да добијат поддршка од нејзините гласачи.

Хејли остана во претседателската трка кога другите предизвикувачи на Трамп се откажаа, ветувајќи политики што ги привлекуваат републиканците кои не сакаат да гласаат за Трамп.

Околу 570.000 гласачи во клучните сојузни држави во кои се водат тесни битки – Невада, Северна Каролина и Мичиген – гласаа за Хејли на републиканските прелиминарни избори, што е мала, но потенцијално значајна група на изборите за кои се одлучува во мали проценти.

Многумина од гласачите на Ники Хејли се прашуваа дали сè уште имаат место во Републиканската партија, која се собра околу Трамп и покрај неговите постојани лаги дека победил на изборите против Бајден во 2020 година и покрај бунтот во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Последните анкети на Ројтерс и Ипсос покажаа дека рејтингот на Бајден изнесува 40 отсто и дека е во тесна трка со Трамп (77) пред изборите на 5 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ