петок, 25 октомври 2024

Бајден: Нема да го помилувам син ми ако биде осуден

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју изјави дека нема да го помилува својот син Хантер Бајден доколку биде прогласен за виновен во тековното судење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето на новинарот на Еј-би-си дали би ја отфрлил можноста за помилување на Хантер Бајден, американскиот претседател рече: „Да“.

Тој, исто така, потврди дека го прифаќа исходот од судењето, кое моментално се одвива во Делавер, пренесува Си-ен-ен.

Белата куќа претходно објави дека Бајден нема да го помилува својот син.

„Бев многу јасна; претседателот нема да го помилува својот син“, изјави во декември прес-секретарката Карин Жан-Пјер.

Хантер Бајден е обвинет за нелегално купување и поседување оружје додека злоупотребувал или бил зависник од дрога, што е кршење на федералниот закон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ