недела, 20 октомври 2024

Бајден: Најсмртоносниот напад врз Евреите по холокаустот, Нетанјаху: Членовите на Хамас се мртви луѓе

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги осуди нападите на Хамас врз Израел, кои почнаа рано наутро во саботата, одбележувајќи го денот како најсмртоносниот ден за Евреите од холокаустот.

Објавено на

часот

Сподели

Во тие напади загинаа најмалку 22 американски државјани.

Бајден им рече на еврејските лидери собрани синоќа во Белата куќа дека тоа е „кампања на чиста суровост, не само омраза, туку чиста суровост против еврејскиот народ“.

Покрај 22-та за кои се знае дека се убиени, најмалку 17 други американски државјани се водат како исчезнати во војната, во која веќе загинаа повеќе од 2.300 луѓе од двете страни.

Неколку американски граѓани се меѓу 150-те заложници што ги зедоа екстремистите на Хамас во невидениот ненадеен напад врз Израел, изјави во средата портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Очигледно е дека САД го поддржуваат Израел, а Ентони Блинкен отпатува во таа земја.

Бајден го осудува антисемитизмот во Америка и уште еден носач на авиони е преместен во Средоземно Море како дел од напорите да се спречи војната да ескалира во поопасен конфликт.

Бајден им рече на еврејските водачи дека распоредувањето американски воени бродови е порака до Иран и другите „играчи“ во регионот да бидат внимателни, иако САД, како што беше речено, допрва треба да видат докази за директното учество на Техеран во планирањето и спроведувањето на нападот од Хамас.

Во Израел, премиерот Бенјамин Нетанјаху се здружи со политичкиот ривал за да формира воен кабинет бидејќи се соочува со притисок од јавноста да го собори Хамас.

Израелската армија продолжи со разорните напади врз Појасот Газа, а можна е и копнена офанзива, чиј резултат ќе биде голем број жртви од двете страни.

Нетанјаху синоќа рече дека екстремистите на Хамас врзувале момчиња и девојчиња, ги стрелале во глава, обезглавувале војници и силувале жени во нападите врз Израел и вети дека Израел ќе ја „скрши и уништи“ организацијата.

Тој се закани дека секој член на Хамас е „мртов човек“.

Неговите обвинувања, изнесени во телевизиско обраќање доцна синоќа, на петтиот ден од војната, не можеа независно да се потврдат, а властите не соопштуваат други детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ