петок, 18 октомври 2024

Бајден му порача на Зеленски да не губи надеж, најави 200 милиони долари одвоена воена помош: „Ќе останеме на ваша страна“

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не губи надеж во борбата на неговата земја против руската инвазија, додека двајцата лидери се сретнаа во Вашингтон да разговараат за поддршката на Киев, пренесува Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе останеме на ваша страна“, му кажа Бајден на Зеленски.

Бајден предупреди дека сопирањето на американската помош на Украина би било „божиќен подарок“ за рускиот претседател Владимир Путин.

Бајден потоа го повика Конгресот на САД да финансира дополнителна помош пред да замине на одмор, а најави и 200 милиони долари одвоена воена помош за Украина.

Зеленски му кажа на Бајден дека неговата земја станува сè помалку зависна од помошта и дека ја цени помошта на САД во јакнењето на нејзината противвоздушна одбрана, додавајќи дека Киев е доволно силен да ја добие војната против Москва.

Тој кажа и дека сака да разговара со Бајден во интеграцијата на Украина со Европската Унија.

Двајцата лидери требаше да одржат заедничка конференција за новинарите по состанокот, која следеше по посетата на Зеленски на американските пратеници на Капитол хил.

Зеленски претходно се сретна со американските законодавци за, во последен момент, да апелира до членовите на Конгресот да го продолжат испраќањето воена помош на Киев во борбата против Русија, но наиде на скептичен прием кај повеќето републиканци.

САД денес најавија нова серија санкции против „руската воена машинерија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ