недела, 27 октомври 2024

Бајден: Да ја заштитиме Украина од касапот Путин

Американскиот претседател Џо Бајден повторно упати навреда до рускиот лидер Владимир Путин, зборувајќи на предизборен митинг во американската сојузна држава Северна Каролина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден изјавата ја даде во контекст на зголемување на данокот за богатите за издвојување повеќе помош за Украина.

„Замислете што можеме да направиме со ова (приходите од зголемените даноци за богатите). Можеме да направиме многу, вклучувајќи и дека можеме да се погрижиме да ја заштитиме Украина од касапот Путин“, истакна шефот на Белата куќа.

Претходно американскиот лидер испровоцира дипломатски скандал нарекувајќи го рускиот претседател „убиец“.

Путин, коментирајќи ја таа изјава на Бајден, му посака добро здравје и истакна дека проценувањето на другите луѓе е како гледање во огледало.

Од почетокот на конфликтот во Украина, Бајден го нарече Путин „диктатор“, „касап“, „воен злосторник“ и истакна дека „не може да остане на власт“.

Коментирајќи ги претходните слични изјави на Бајден, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека тоа е недозволива реторика на раководител на држава чии бомби убиле стотици илјади луѓе низ светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ