вторник, 26 ноември 2024

Бабунски: Фаворити сме, но треба да бидеме скромни и да се бориме

Пред македонската фудбалска репрезентација се два натпревари од Лигата на нации против Летонија и Ерменија.

Објавено на

часот

Сподели

На 10 октомври гостуваме кај Летонија, а три дена подоцна играме против Ерменија.

Пред овој натпревар репрезентативецот Давид Бабунски истакна дека иако на нас се гледа како фаворити, сепак треба максимално да сме спремни за да ја оствариме нашата цел.

„Сигурно правиме многу работи доста добро кога не гледаат како фаворити во оваа група, но ние треба да останеме скромни и да продолжиме да се бориме да ја искористиме шансата која ја имаме. Нема да биде лесно, играме на гостински терен. Денес сите репрезентации го развиваат својот фудбал, немаме многу време да се подготвиме. Ќе анализираме и ќе се обидеме да ги најдеме нивните слаби точки и со нашите „оружја“ да дојдеме до сите шест бода“, изјави Бабунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ