среда, 23 октомври 2024
Координаторот на Европски фронт со изјава

Азири: Поднесовме законско решение за затворање на коцкарниците

Денеска во собраниска процедура дадовме предлог за измена на законот за игри на среќа, одамна инициран од Алијансата за Албанците, со кој се предвидува затворање на објектите за игри на среќа во нашите населени места и нивно функционирање само во хотели со 5 ѕвезди, изјави координаторот на пратеничката група на коалицијата Европски фронт, Елми Азири.

Објавено на

часот

Сподели

„Со предлогот се предвидува и зголемување на данокот за реклами кои ќе завршат на сметката на општините. Со овој закон конечно се решава проблемот со казината, обложувалниците и другите објекти за игри на среќа кои кај нас станаа вознемирувачка појава.
Коцкарниците ќе бидат отстранети од училиштата, градинките, но не само оттаму, ќе бидат отстранети и од населбите, селата и градовите, од нашите домови и ќе работат само во затворени објекти, хотели со пет ѕвезди каде што ќе биде невозможно да присуствуваат малолетници, како и граѓани кои доаѓаат од ранливи социјални категории.
Ја повикуваме коалицијата Вред да го поддржи овој закон и да го услови парламентарното мнозинство да го стори истото, како што ветија во предизборната кампања“, рече во својата изјава Елми Азири.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ