недела, 20 октомври 2024

Автомобил удрил во слонче на малезиски автопат. Стадо слонови потоа го изгазиле возилото

Објавено на

часот

Сподели

Семејство во неделата возело по главниот автопат од островот Пенанг до североисточната крајбрежна држава Теренгану, кога удрило во слонче во 19:35 часот по локално време, пишува Си-ен-ен.

Властите велат дека во моментот на инцидентот имало дожд и магла. „Автомобилот удри во младенче на слон што минувало покрај патот со стадото“, рече Зулкифли Махмуд, началник на полицијата во округот Герик. Од ударот младенчето паднало на земја.

„Кога другите пет слонови од стадото го виделе ова, се упатиле кон автомобилот и почнале да го газат. Ја напуштиле областа дури откако младенчето се вратило на нозе“, рече Махмуд.

Полицијата не прецизираше дали членовите на семејството биле во возилото за време на нападот на слоновите или успеале да побегнат, но во полициското соопштение не се наведува дека има загинати или сериозно повредени.

Полициските фотографии покажуваат големи оштетувања на предниот и страничните делови на возилото и скршени стакла. Поради брзиот развој на автопатиштата во Малезија, дивите слонови низ полуостровот често доаѓаат на патот за да преминат во друга област во потрага по храна. На многу автопати се поставени табли за предупредување на возачите за слонови, особено на северот од земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ