петок, 18 октомври 2024

Автобусот што се запали непосредно до гаражите на ЈСП бил празен, велат од Јавното претпријатие

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментот на запалување на возилото, во него немало патници со оглед на тоа дека возилото се повлекувало во гаража Автокоманда, по завршување на смена. Благодарение на присебноста на возачот, неговата брза интервенција и интервенцијата на екипите на Противпожарна бригада на Град Скопје, опожарувањето на возилото било ставено под контрола, односно спречена е поголема материјална штета. Возилото е осигурано и очекуваме за кратко време да биде оспособено за користење“, велат од ЈСП.

Во гаснењето на пожарот учествувале петмина пожарникари од ТППЕ на Град Скопје со едно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ