сабота, 19 октомври 2024

​​​​​​​Австралиски весник во 1903: Борис Сарафов е автор на паролата Македонија на Македонците

На 31 октомври 1903 година австралискиот весник Калгорли (Kalgorlie Miner newspaper – WA) пишува за главниот организатор на востанието во Македонија Борис Сарафов. Тој не е Бугарин, туку вистински Македонец, пишува во весникот уште во 1903 година.

Објавено на

часот

Сподели

Весникот пишува дека Борис Сарафов бил роден во Либиаково, Неврокоп, во 1876 година. Основно образование завршил во Бугарија, а воена академија во Петербург. Беше дел од бугарската армија и во тоа време се залагаше за обединување на Македонија со Бугарија. Подоцна тој ги сменил своите ставови, пишува весникот, и станал голем поборник за основање на нова балканска држава – Македонија. Тогаш тој велеше – Македонија на Македонците. Поради тоа беше апсен во Софија и протеран од Бугарија. Потоа се приклучил на македонското движење.

д

Во 1902 година целиот европски печат ја пренесува неговата изјава: Ние Македонците не сме Срби, не сме Бугари, ами просто Македонци. Оваа изјава подоцна станува насловно мото на сите изданија на македонската колонија во Санкт Петербург. Сарафов ги помага и солунските гемиџии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ