среда, 30 октомври 2024

Австралиска екологистка: Кенгурите умираат од глад, подобро е да ги застреламе

Објавено на

часот

Сподели

За странците кенгурот е препознатлив симбол на австралиската дивина, но на жителите на тој континент кенгурот им предизвикува силна главоболка.

Овие животни се познати по нивниот циклус на раст на популацијата за време на сезоната на дождови, кога полињата и пустините стануваат зелени и кога нивниот број се зголемува за десетици милиони.

Скокачките банди кенгури потоа за кратко време ги полнат полињата, но кога храната ќе ја снема, тие умираат во голем број, објасни екологистката Кетрин Мозби.

„Во некои области 80 до 90 отсто од кенгурите угинале за време на сушата“, рече Мозби.

„Тие умираат од глад, влегуваат во јавни тоалети, јадат тоалетна хартија или едноставно лежат на патот додека нивните младенчиња се обидуваат да се хранат“, додаде таа.

Мозби верува дека најхуман начин да се спасат кенгурите од нивната судбина е да се застрелаат за да се држи нивниот број под контрола.

Кенгурите во Австралија не се загрозени, што значи дека во повеќето области може да бидат подложени на отстрел, но за тоа е потребна владина дозвола.

По сушата во раните 2000-ти, бројот на кенгурите падна на под 30 милиони, но нивниот број брзо може да се врати на 60 милиони.

Активистите за права на животните го осудија комерцијалното убивање како „сурово колење“ и вршат притисок врз компаниите за спортска опрема Најк и Пума постепено да ја укинат употребата на кожа од кенгур во нивните производи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ