недела, 20 октомври 2024

Австралијците на референдум го отфрлија вклучувањето на Абориџините во Уставот

Австралијците денеска на референдум решително го отфрлија предлогот за признавање на абориџинското население во Уставот, што е нов чекор наназад во помирувањето на земјата со домородното население.

Објавено на

часот

Сподели

По пребројани 45 отсто од гласовите низ земјата, „не“ води со 57,35 отсто наспроти „да“ со 42,65 отсто.

Австралиската телевизија Еј-би-си и другите мрежи предвидоа дека најмалку четири сојузни држави – Нов Јужен Велс, Тасманија, Квинсленд и Јужна Австралија ќе гласаат против измените на 122-годишниот устав.

За да успее референдумот, најмалку четири од шесте сојузни држави мора да го поддржат предлогот, заедно со мнозинството на национално ниво.

Поради австралиските временски зони гласањето во Западна Австралија продолжува и покрај тоа што е познат резултатот од референдумот.

Австралијците заокружуваа „да“ или „не“ на гласачкото ливче, тие го дадоа својот одговор на прашањето дали се согласуваат со предлогот со кој ќе се признаат народите на Абориџините и на островот Торес Теснец преку создавање на домородно советодавно тело во парламентот наречено „Гласот на парламентот“, пренесува Ројтерс.

„Јас сум уништен“, изјави Томас Мајо водачот на Абориџините за Еј-би-си њуз.

„Потребен ни е Гласот на парламентот. Потребна ни е таа структурна промена“.

Абориџинското население на Австралија денес сочинува 3,8 отсто од вкупното население од 26 милиони.

Тие живеат на австралискиот континент речиси 60 илјади години, но не се споменати во уставот и гледајќи ги социјалните и економските фактори, тие се најранливата група во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ