недела, 20 октомври 2024

Австралија од јануари го забранува увозот на еднократни електронски цигари

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави Би-би-си, ќе предложи и нови закони со кои ќе се забрани производството, рекламирањето и снабдувањето со вејпови за еднократна употреба.

Вејпингот се рекламира како начин да се престане со пушењето, но австралискиот министер за здравство вели дека создал нова генерација на зависници од никотин. Па сега сакаат целосно да го укинат вејпингот.

Вејпови или е-цигари се уреди со литиумски батерии кои имаат патрони исполнети со течности кои содржат никотин, вештачки ароми и разни други хемикалии.

Од 2021 година, забрането е Австралијците да купуваат или увезуваат електронски цигари без лекарски рецепт, но и покрај овие ограничувања, стапките на зависност и понатаму вртоглаво растат.

Студија на Универзитетот во Сиднеј претходно оваа година покажа дека повеќе од четвртина од тинејџерите на возраст од 14 до 17 години користеле е-цигари, додека истражувањето на австралиската добротворна организација „Совет за рак“ покажа дека девет од 10 тинејџери во иста возрасна група имаат лесен пристап до вејп.

Марк Батлер, федералниот министер за здравство, вели дека забраната за увоз на еднократни вејпови ќе започне на 1 јануари, а до март ќе биде забрането внесување во земјата на нетерапевтски вејпови кои можат повторно да се полнат.

Експертите предупредуваат дека сè уште не се знае доволно за долгорочните ефекти од вејпингот. Истражувањето на Универзитетот Џон Хопкинс го поврзува вејпингот со хронични белодробни заболувања и астма.

Во Австралија, научниците кои ги проучуваат течностите што се користат во вејповите предупредија дека содржат хемикалии за кои е познато дека влијаат на здравјето на белите дробови.

Австралиското соопштение доаѓа само неколку дена откако владата на Нов Зеланд ја укина глобалната забрана за пушење за да плати даночни намалувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ