среда, 6 ноември 2024

АВМУ донираше 80 илјади евра за ИРЛ

Непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) доби пет милиони денари од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за проверка на фактите во предизборниот период кои политичките кандидати ги изнесуваат за време на јавни настапи, гостувања во дебатни емисии, јавни дискусии и дебати, истражувања на јавно мислење, пр-објави или ветувања кои се повторуваат во речиси сите предизборни програми. Вака е објавено на интернет страницата на АВМУ.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие активности се вклопуваат со целите и вредностите на АВМУ да ги штити интересите на граѓаните, да обезбеди квалитетни информации и плурализам во известувањето и да поддржи постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ИРЛ во наредниот период, во рамки на оваа донација, ќе го примени иновативниот модел на мултимедијално раскажување, за да известува за теми кои се важни за граѓаните и ќе им помогнат да носат информирани одлуки – политичка пропаганда за време на избори и владеење на право.

Известувањето за проблемите во правосудството ќе биде фокусирано на потенцијалните конфликти на интерес кои потекнуваат од личните конекции на судиите и обвинителите, а граѓаните ќе ги добијат вистинските информации за оние кои истражуваат, гонат и пресудуваат во нивно име.
Поддршка за тренинг на млади новинарски и продукциски кадри со цел подобрување на пазарот на труд во медиумската индустрија
Продуктите произведени во рамки на оваа донација ќе бидат додадена вредност на активностите на организацијата кои што ги поддржуваат владите на САД и Кралството Холандија и Јавниот сервис, активностни на коишто се приклучува и АВМУ“, се вели во соопштението на агенцијата.

На 15 јануари била одржана седница на Советот на АВМУ на која како четврта точка од дневниот ред бил предлогот за доделување на финансиска помош – донација на ИРЛ и предлог договор за донација. За оваа точка образложение поднесе Зоран Трајчевски, претседателот на АВМУ и рече дека една од основните задачи на АВМУ е да се грижи за развојот на плурализмот во медиумите, а тука спаѓа не само плурализам во сопственоста, туку и плурализам во известувањето. Како еден од важните сегменти е и истражувачкото новинарство кое драматично недостасува во нашето општество, рекол Трајчевски.

За оваа одлука на АВМУ да се спроведе се чека на позитивно мислење и на Министерството за правда за постоење јавен интерес.

Нашиот обид да го најдеме јавниот повик на АВМУ за ваква донација остана неуспешен. Денеска би требало да ги добиеме официјалните одговори од АВМУ за постапката врз основа на која е доделена оваа донација, особено затоа што очигледно се работи за пари на агенцијата, односно за државни пари.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ