Веб-страницата за следење летови Флајтрадар 24 покажа авион Ембраер Легаси 600, со идентификациски шифри што одговараат на авионот поврзан со Пригожин во американските документи за санкции, кој се спуштил до височина за слетување во близина на Минск главниот град на Белорусија. За прв пат се појавил на локацијата за следење над Ростов, на југот на Русија.
Набргу потоа, руската државна новинска агенција РИА објави дека властите го отфрлиле кривичното дело против групата Вагнер на Пригожин, бидејќи „учесниците престанале со дејствијата директно насочени кон извршување на кривично дело“
Според договорот постигнат доцна во саботата со кој се смири кризата, Кремљ соопшти дека борците кои учествувале во бунтот нема да бидат кривично гонети. Пригожин рече дека ќе замине во Белорусија на покана на нејзиниот претседател Александар Лукашенко. Но, деталите за неговото предложено патување во егзил не беа објавени во јавноста, а неговата локација остана непотврдена три дена.
Тој последен пат беше виден во јавност во саботата вечерта, насмеан во задниот дел на џипот додека излегуваше од Ростов, откако ѝм нареди на своите луѓе да отстапат.
Рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето во понеделникот вечерта изјави дека водачите на бунтот ја предале својата татковина, иако тој не го спомна Пригожин по име. Путин додаде дека на борците на Вагнер ќе им биде дозволено да се етаблираат во Белорусија, да се приклучат на руската војска или да си одат дома.