петок, 18 октомври 2024
НБА

Атланта и Лејкерс се пласираа во плејоф, Мајами и Минесота ќе имаат уште една шанса (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Атланта го изненади Мајами откако го совлада на негов терен со 116-105. Тре Јанг со 25 поени беше најдобар кај победничкиот тим, Лаури даде 33 поени за Мајами.

Неизвесно беше на мечот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Минесота, победникот беше решен по едно продолжение, езерџиите триумфираа со 108-102. Во финишот од регуларниот дел се случуваше вистинска драма, на 1,4 секунди до крајот Лејкерс даде тројка за 98-95 и се чинеше дека го добија мечот, но Дејвис направи фаул при шут за тојка на противникот на 0,1 секунда, слободните фрлања беа реализирани, па мечот отиде во продолжение. 

Леброн Џејмс имаше 30 поени и 10 скокови, дабл-дабл учинок запиша и Ентони Дејвис со 24 поени и 15 скокови. Најдобар кај Минесота беше Таунс со 24 поени и 11 скокови.

Атланта и ЛА Лејкерс одат во плејоф, Мајами ќе игра со победникот од дуелот меѓу Торонто и Чикаго, а Минесота со подобриот од мечот меѓу Њу Орлеанс и Оклахома.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ