вторник, 26 ноември 2024

Атланта: Едно лице се обиде да се самозапали пред израелскиот конзулат, полицијата соопшти дека е пронајдено палестинско знаме

Објавено на

часот

Сподели

Едно лице е тешко повредено вчера кога се обидело да се самозапали пред израелскиот конзулат во Атланта, на југоистокот од Соединетите Американски Држави, на местото на настанот било пронајдено палестинско знаме, соопштија локалните власти.

„Се чини дека тоа е екстремен чин на политички протест“, изјави Дарин Ширбаум од полицијата во Атланта на прес-конференција, додавајќи дека на местото на инцидентот било пронајдено палестинско знаме.

Тој рече дека среде бел ден полицаец забележал дека едно лице се обидува да се самозапали пред зградата. Полицаецот се здобил со изгореници во обид да го спречи делото.

Двете лица со изгореници се пренесени во болница, а лицето кое се обидело да се запали е во критична состојба, изјави началникот на противпожарната служба на Атланта, Родерик Смит.

Тој не ја соопшти возраста и полот на двајцата повредени.

Војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа предизвикува силни тензии во САД, заради војната се организираат големи демонстрации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ