За директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е именуван Јетон Бучи, пишува на објавата на Фејсбук.
Последниот директор на ова јавно претпријатие, Мартин Ангеловски, беше назначен на 26 јуни годинава, на 13 август е разрешен поради, како што посочија тогаш од Град Скопје, неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување.