петок, 18 октомври 2024

Арсенал испрати рекордна понуда до Вест Хем за Деклан Рајс

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал понуди 100 милиони фунти, плус 5 милиони фунти во бонуси. Доколку биде прифатена, тоа ќе биде клупски рекорден трансфер за топчиите.

Ова е сумата која ја сака Вест Хем, но работите ќе зависат од Манчестер Сити, дали тие ќе одат со нова, подобра понуда од оваа или ќе се откажат од трката.

Последната понуда на Манчестер Сити е 80 милиони фунти плус 10 милиони фунти во бонуси. 

Артета притиска да го добие Деклан Рајс кој сака да има централен дел во неговиот проект, да биде ѕвезда во тимот која ќе трае со години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ