понеделник, 25 ноември 2024

Армијата немаше вежба на локацијата кај Пепелиште каде избувна пожарот, велат од Министерството за одбрана

Во врска со започнувањето на пожарот во околината на селото Пепелиште од Министерството за одбрана информираат дека питомци на Армијата се првите кои се вклучиле во гаснењето на пожарот, но огнот не избувнал таму каде што тие имале воени вежби.

Објавено на

часот

Сподели

„Припадниците на Армијата, односно питомци кои се наоѓаат во Центарот за обука ‘Пепелиште’ се први кои се вклучија во борбата со пожарот.

Во текот на вчерашниот ден вежбовните активности на питомците се изведуваа на армискиот полигон ‘Криволак$ и истите завршија во 10 часот. Се работи за две различни локации, односно на реонот каде започнал пожарот немало никакви активности од страна на припадници на Армијата.

Питомците заедно со останатите армиски припадници до доцните вечерни часови помагаа во гаснење на пожарот и истите продолжија и денеска да го гаснат пожарот на терен и од воздух“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ