четврток, 31 октомври 2024
На Воениот стадион во Скопје

Армијата на граѓаните им покажа дел од способностите и вооружувањето

Со Отворен ден на Армијата и изложба на воена опрема денеска на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје беше одбележана 4-годишнината од членството на земјава во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

Објавено на

часот

Сподели

На одбележувањето присуствуваше и врховниот командант на Армијата, претседателот Стево Пендаровски.

Покрај изложените воени средства, возила и опрема, присутните на настанот можеа да проследат и показни вежби од припадниците на баталјонот за специјални сили, алпинистички вештини на ренџерите, вежба со армиски кучиња како и музичка  изведба од страна на Воениот оркестар.

Армиските припадници ги запознаваа граѓаните со техничките карактеристики на дел од вооружувањето и опремата на пешадиските единици, единицата за АБХО, воената полиција, специјалните единици, единиците за врски, инженериски единици и повеќе видови на воени возила.

На посебен штанд Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ги претставуваше своите програми и можностите за студирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ