вторник, 22 октомври 2024

АРМ се поднови со нови лесни оклопни возила

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со нови возила за армијата – лесни оклопни возила ЈЛТВ Ошкош, кои се од американско производство.

„Лесните оклопни возила ЈЛТВ се дел од процесот за модернизација и опремување на АРМ согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица“, соопшти денеска МО.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување договори помеѓу владите на  Македонија и САД. Досега се пристигнати 32 возила од овој тип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ