понеделник, 28 октомври 2024

Архиродон сама да одлучи дали ќе ја гради ХЕЦ Чебрен, ѝ порача Ковачевски на грчката компанија

Јас не можам да зборувам во име на компанија која учествувала на наддавање па затоа на грчката компанија Архиродон, која е добитник на тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен, е да одлучи дали ќе продолжи во постапката или не, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.  Инженерите на Република Македонија завчера излегоа со став дека е истечен рокот за склучување на договор за заедничко вложување и основање на Друштво за посебна намена помеѓу грчкиот понудувач и Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ, во државна сопственост, Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако имале дополнителни барања во однос на договорот, тогаш тоа се барања кои излегуваат од рамката на договорот кој бил предмет на тендерската постапка која им била достапна на сите други компании кои  учествувале на тој тендер“, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на настанот за доделување изводи на досега не евидентирани лица.

Како што истакна, тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен е меѓународен тендер кој е објавен и на кој учествувале девет или 10 реномирани меѓународни компании, чиј составен дел на тендерската документација е и договорот за концесија.

„Врз основа на евалуација на независна комисија составена од експерти во Министерството за животна средина еден од понудувачите е избран дека ги исполнува условите. Владата врз основа на тоа носи одлука согласно Закон за концесии, согласно тендерската документација и согласно договорот за концесија кој е предмет на тендерот и согласно Законот за води“, појасни Ковачевски.

Инженерите на Република Македонија завчера излегоа со став дека е истечен рокот за склучување на договор за заедничко вложување и основање на Друштво за посебна намена помеѓу грчкиот понудувач и Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ, во државна сопственост, Скопје.

Од здружението рекоа дека ваквиот став го темелат врз основа на роковите определени со Одлуката на владата за избор на најповолна понуда за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река од 14 септември 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ