Во својот кабинет Арбен Таравари има собрано вредни луѓе од сите етникуми, експерти од повеќе области, доктори на науки, одлични познавачи на приликите во државава, кои без сомнение ќе можат да дадат свој придонес за подобрување на животот на граѓаните, се вели во соопштението.
„Моето претседателство ќе се води од европските вредности. Нашиот кабинет ќе го предводат експертите: Калтрина Зеколи-Шаќири – професор од областа на граѓанското право; Танер Хасан, доктор по медицински науки (од турската заедница); Бари Абдули, магистер по право (од ромската заедница), Земри Елези, професор на УЕЈЛ“, изјави Арбен Таравари при презентацијата на својот тим.
Таравари најави дека денеска претставил само неколку имиња, а во иднина овој тим ќе се прошири и со други вредни луѓе.
На фотографијата, како што може да се забележи, е и Беким Ќоку од Самоопределување на косовскиот премиер Аљбин Курти, а вчера запрашан зошто на прес-конференцијата е присутен и тој, Таравари рече дека Ќоку е дел од екипата, дека е дел од коалицијата за промени, пријател и добар познавач на политиката.