петок, 18 октомври 2024

Апел на ЈП Водовод за рационално користење на водата

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.

Објавено на

часот

Сподели

Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, полнење на базени… што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Во Припор и Сопиште во текот на последните неколку денови е забележана енормна потрошувачка на вода, која доколку не се рационализира може да доведе и до прекини во водоснабдувањето.

Врз основа на податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340.000 метри кубни вода што е за 30% зголемување во однос на зимскиот период, апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови, се вели во апелот на ЈП Водовод и канализација Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ