вторник, 22 октомври 2024
Лидерот на Левица со изјава

Апасиев: „Учката“ иден премиер идната недела ќе добие кривична пријава

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку својот фејсбук-профил реагира на номинирањето на претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери за премиер на техничката влада. „Учката“ ќе добие кривична пријава, а најинтересно е што ДПМНЕ ќе го гласа, вели Апасиев.

Објавено на

часот

Сподели

„Крунисувањето на учката за премиер ќе му го честитаме следната недела со нова кривична пријава (за ускратувањето на пратеничкото право на амандмани).

Туку, најјако во целава ситуација е тоа што и ДПМНЕ во јануари ќе ја гласа поржинската влада (оти и они ќе имаат министри во истата).

Избирањето воен злосторник за премиер е последната шајка во ковчегот на изгубениот СДС. После ова, таа партија е осудена на распаѓање и пасокизација, оти нема им да остане ниту еден здраворазумски и воспитан човек“, напиша Апасиев на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ