вторник, 22 октомври 2024

Апасиев: Левица е најоштетената партија од изборниот модел со најголемо право да бараме една изборна единица

Објавено на

часот

Сподели

„Номинално, и СДС се за една една изборна единица, а и ДПМНЕ се за една изборна единица. Но, иако, според ова, сите се ЗА една изборна единица, за да се знае кој е газда, ‘премиерот’ Артан Груби вели дека Владата на Република Македонија не дава позитивно мислење за предложениот текст на предлог – законот. ДУИ не дава ова да помине! Вината ја наоѓам и во овие овде шестмина пратеници кои се во коалиција со власта – како што ДУИ уценува, така можете и вие. Ваша моќ на уценување самите си ја потценувате. Или ви е дадена ‘честа под кирија’ со разни директорски места. Од Левица имате украдено четири мандати. Левица има два мандати, а со една изборна единица ќе имала пет – тоа се украдените мандати. Вие не губите, господа од власта – вие крадете!“, рече Апасиев во Собранието, како што пренесува Левица во партиското соопштение.

Тој нагласи дека на Левица во првата Изборна единица ѝ беа потребни 10 илјади гласови за пратеник, додека во шестата единица од Тетово и Гостивар, Полог, беа потребни 6,5 илјади гласови.

„Ние влегувме во парламентот со двајца пратеници, кои вкупно имаат 40 илјади гласови, а вие со само 12 илјади гласови за двајца пратеници. Ова е уште еден случај на ‘Тиранска платформа’ и на рамковна тиранија на малцинството, ако се изразиме со политички некоректни термини. Една изборна единица нема да има сѐ додека моќта на уценување не премине од ДИУ во Левица“, вели Апасиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ