недела, 27 октомври 2024

Анкета на Си-ен-ен: Камала Харис во однос на Трамп стои подобро од Бајден

Изборната кампања во трката за претседател на САД меѓу потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп почнува без јасно водство на едниот или на другиот, покажува анкетата на Си-ен-ен објавена денеска откако претседателот Џозеф Бајден одлучи да не се кандидира за втор мандат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, додека Бајден беше во трката, водеше пред него со шест поени разлика. По нивниот ТВ-дуел на 27 јуни, во кој остарениот шеф на државата (81) го губеше текот на мислите, имаше многу барања од неговата Демократска партија да се повлече од претседателската трка.

Откако тој тоа го направи пред четири дена во корист на потпретседателката на земјата, нејзината почетна позиција во однос на Трамп е подобра од онаа на Бајден – Трамп ужива поддршка од 49 отсто од анкетираните регистрирани гласачи, а Харис 46 отсто.

Анкетата покажува дека гласачите нашироко ја поддржуваат одлуката на Бајден да се повлече од трката, но и да остане на чело на државата до крајот на својот мандат.

Исто така, може да се види дека членовите на Демократската партија и нејзините симпатизери се големи ентузијасти за влегувањето на Камала Харис во изборната трка и дека се подготвени да се сплотат околу неа како нов претпоставен кандидат на демократите за претседателската функција на изборите закажани за ноември.

Од друга страна, тие остануваат длабоко поделени околу курсот што треба да го преземе демократскиот наследник на Бајден – да ги следи неговите стапки или да тргне по друг пат.

Анкетата, спроведена на интернет на 22 и 23 јули, опфатила регистрирани гласачи што претходно учествувале во анкетите на Си-ен-ен во април и јуни. Во двете истражувања, Трамп водеше со шест процентни поени пред Бајден.

Трамп стана претседателски кандидат на Републиканската партија. Камала Харис допрва треба да биде официјално потврдена како кандидат на Демократската партија, но таа веќе има доволно поддршка од делегатите на партијата за да стане формален кандидат на Демократската национална конвенција во август.

До изборите остануваат уште нешто повеќе од 100 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ