вторник, 22 октомври 2024

Анима мунди: Штипјанец убива животни, виничанец измачува куче, полицијата не реагира (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Во Штип среде бел ден, во населена средина возрасен човек шета со оружје, нишани и стрела животни да ги осакати и убие.. Куса снимка од ова лице, кое лежерно и без трошка страв пука по што ќе му текне, кршејќи најстрого закон, ни пуштија жители од населбата, преплашени за својата безбедност , но и безбедноста на своите миленици. Среде бел ден е предизвикана сериозна опасност,  мачени се и убивани животни, а тоа се кривични дела за што е потребно итно постапување на надлежните и најстрога казна за сторителот.“, велат од Анима мунди.

Според последните информации се работи за лице од населба Три Чешми од Штип, кое по кажувањата на сведоци и соседи е вработено во Територијалната противпожарна единица во Штип, со пушка усмртило повеќе мачки и кучиња, додаваат од Анима мунди и велат:

„Соседот, кој се грижел за овие маалски миленици, единственото преживеано маче го однел на Ветеринарен факултет во Скопје, при што се покажало дека во мачето завршиле дијаболи, за што сведочи и официјалниот извештај“.

Од организацијата споделија уште едно видео за кое велат дека истиот ден, во Виница, возач со автомобил со регистерска табличка ВИ 8923 АБ влече врзано куче, кое нема опција освен да трча без престан, во спротивно ризикува да биде задавено. ж

„И не треба многу познавање за да се увиди она што е повеќе од очигледно, а тоа е присилување животно да биде во ситуација која е болна, исцрпувачка , која во најмала рака предизвикува чувство на немоќ и страв што е насилство врз животни. Вакво лице би било запрено од службени лица веднаш во секоја ЕУ држава, строго казнето; во Македонија не“, се нагласува во реакцијата.

(Инаку, снимката од врзаното куче очигледно е доста вознемирувачка штом од Јутјуб е отстрането видеото, како што се гледа, н.з.).

Од Анима мунди дополнуваат: „Информираме дека неколку лица се обиделе да пријават во полиција – потенцираме, се обиделе, бидејќи полицијата не ни сакала да прими и евидентира ваква пријава од X причини, што значи за нив не се случило ништо што отстапува од нормалноста. Е токму непостапувањето на службените лица значи злоупотреба на должноста и дава поттик на насилниците и понатаму да мачат, убиваат и поминуваат неказнети. Ова се само дел од случувањата кои се наше секојдневие и кои за жал само споделени вака јавно можат да резултираат со разрешница’.

Организацијата ги повикува институциите итно да започнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана по безбедноста и животот на секое битие, независно дали животно или човек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ