„Во меѓувреме, здружение од Штип кое е регистрирано на 28 март 2023 година, непознато на населението, на активистите, активно бара донации за отворање на стационар и пансион и со поддршка од градоначалник на Штип веќе договориле хуманитарен концерт со македонски бендови во Домот на млади, настан од кој сите пари одат кај луѓе за кои никогаш никој не чул, ниту ги видел доколку побарал помош за третман на некое животно. Во вакви случајности не веруваме, ниту веруваме во добронамерност на општина и градоначалник кој никогаш не поддржал ниту една активност на штипските активисти за права на животните „Спаси живот – Штип“, кои се наши пријатели и за кои сведочиме дека се борат исклучиво во интерес на животните и помагаат на градот исклучиво ослонети на сопствените ресурси и безрезервната упорност и посветеност и го третираат проблемот за кој е надлежен градот“, реагираат од Анима мунди.
Тие ги повикаа јавноста, активистите, хуманите граѓани, сите кои се во можност, „да ги поддржуваат оние кои се покажани и докажани, упорни секогаш иако борбата за права на животните често е борба со ветерници“, во спротивно укажуваат на можноста граѓаните „да бидат искористени во исполнување на нечија политичка агенда и профит“.
Фото: П.Џ.