сабота, 19 октомври 2024

Ангеловски: Ова боли бе луѓе

Објавено на

часот

Сподели

Жалам за публиката: Бранко Ангеловски

„Денеска слободно можам да кажам дека пропуштивме полуфинале. Убеден бев дека можеме, ова е супер тим, играме фантастично. Треба да бидеме свесни дека сме силни, жал ми е за публиката. Сме губеле и ќе губиме до крајот на кариерата, но ова боли бе луѓе. Вторпат на првенството немаме среќа, третпат имаме напади за победа и не успеваме да ги реализираме. Тешко ми е да зборам, но ова нè чинеше медал. Сега, за да стасаме дотаму, треба да ни се поклопат резултатите, но многу сме далеку. Дури и со нерешено ќе бевме во сериозна игра за полуфинале. Би сакал некако да ни се врати на арно што вака губиме, но мислам дека нема со кого. Доцна е веќе, Германија ќе ни избега. Но не се предаваме, мора да се вратиме, со ваква публика срамота е да не се „дигнеме“, како и да дојдеме на натпревар, колку и да сме нервозни или да сме незадоволни“, изјави Ангеловски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ