недела, 14 јули 2024
По невремето и штетите во Делчево

Ангелов: Во Делчево немаше загрозени човечки животи, обештетувањето не е во надлежност на ЦУК

Објавено на

часот

Сподели

Покрај контактирањето на институциите, Ангелов изјави дека разговарал и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и од него побарал да испрати неколку тимови од ТТПЕ.

„Тој веднаш испрати две екипи со пет помали пумпи и една голема пупма. Од страна на градоначалникот и заедно со ЦУК, беа контактирани сите соседни општини, односно оние кои беа во можност испратија свои екипи и пумпи за што ние како ЦУК и градоначалникот на Делчево сме посебно благодарни“, информира Ангелов, додавајќи дека се работи за општините Кочани, Берово и Виница.

Според него, ваква штета претрпеа жители на повеќе општини и посочи дека вакво време не очекува и во следните десетина дена. 

Ангелов потсети дека на 15 мај предупредиле дека следат поројни дождови, кои можат да предизвикаат локални поплави.

„Предупредивме дека атмосферската и фекалната канализација, колку и да се солидно направени, нема да успеат да ја примат таа вода поради тоа што може да дојде до поплавување на улиците, на подрумсите простории“, рече Ангелов.

Директорот на ЦУК рече дека сите примарни канали се чисти, немало застој кај ниту еден голем канал, а и секундарните канали се во добра состојба. Во Делчево, како што рече, пред две години имаше целосна санација, таму има нова фекална и атмосферска канализација, но се покажа дека пак не е доволна. 

Прашан за надоместување на штетата за жителите на Делчево, Ангелов рече дека локалната самоуправа формира општински комисии кои ја утврдуваат штетата, излегуваат на терен и потоа проценетата штета ја испраќа до второстепена комисија на Влада, во која има претставници од сите институции. Таму се утврдува штетата, потоа во обесштетувањето делумно може да учествува Владата, но дел од имотите, како што рече, однапред се осигурани. 

„Ова е прашање кое треба да се упати до Владата, бидејќи делот на обесштетување не е во наша надлежност. Наша надлежност е спасување човечки животи, заштита на животот и здравјето на луѓето“, нагласи Ангелов.

Тој потенцира дека во Делчево немало загрозени човечки животи, иако поплавите беа, како што рече, малку посериозни бидејќи во некои објекти и во една државна институција имаше без малку еден метар вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ