четврток, 24 октомври 2024
Изјава на директорот на ЦУК

Ангелов: Вчера имавме 66 пожари на отворено, состојбата е тешка, но не е алармантна (ВИДЕО)

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во денешната изјава во врска со пожарите рече дека вчера на отворено имало 66 пожари низ државава и дека од нив, во моментов активни се 12. Ангелов е постојано на терен каде во државава се најголемите пожари и е во тек и од терен ја надгледува состојбата и помага во одлуките за гаснењето на пожарите.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на вчерашниот ден имаше 66 пожари на отворен простор меѓу кои и шумски пожари. Од нив 51 се целосно изгаснати, под контрола 3, а активни се 12. Од 66 пожари има и неколку депонии кои воопшто не се за потценување бидејќи големиот пожар вчера избувна прво на депонија, па се прошири. Пожарот во Дојран е активен, но воопшто не го загрозува градот. Состојбата на ниво на држава е тешка, но не е алармантна“, вели Ангелов.

Тој испрати апел до граѓаните да не издаваат апели за помош во гаснењето на пожарите на своја иницијатива и да не се создава непотребна паника.

„Апелирам да не излегува со непотребни апели за собирање на граѓани да се вклучат во пожарите, бидејќи како држава имаме доволно припадници на Армијата и на полицијата и ако некаде тоа го побараат оние кои што командуваат во пожарите, ние ќе испратиме онолку војска и полиција колку што е потребано. Граѓаните не секаде можат да бидат од корист, напротив некаде може да им пречат на професионалните служби и пожарникарите, на војската, полицијата, на припадниците на Национални шуми, на доброволците пожарникари или на самите летала. Апелирам да не се создава непотребна паника Донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам за помош. Во овој момент таква потреба нема, но може да се појави во текот на денот. Во овој момент имаме доволен број на луѓе за спротивставување на огнената стихија“, додава директорот Ангелов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ