вторник, 22 октомври 2024
ЦУК по невремето

Ангелов со упатства до граѓаните како да бараат отштета поради невремето

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, денеска соопшти за начинот на обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди и други несреќи.

Објавено на

часот

Сподели

„Утврдувањето на висината на штетата започнува веднаш по настанување на непогодата и во рок од 360 дена од престанокот на непогодата потребно е единиците на локална самоуправа да изготват Извештај – Елаборат за утврдената штета во согласност со единствената Методологијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи и да го достават до Комисијата за проценка и утврдување на штета од елементарни непогоди што ја формира Владата. Комисијата што ја формира Владата по претходно добиените извештаи изготвува вкупен извештај за штетата и го доставува до Владата најдоцна во рок од 120 дена од доставувањето на извештајот од страна на општините со што се остварува можноста за обезбедување на парична помош од Буџетот на Републиката. Помошта може да биде во вид на непосредна парична помош или помош со намалување, односно ослободување од даночните обврски, кои се даваат без обврски за враќање“, вели Ангелов.

Помошта која ја добиваат единиците на локалната самоуправа и другите правни лица може да ја користат исклучиво за намената за која е дадена.

„Центарот за управување со кризи преку свој претставник учествува во работата на Комисија за проценка и утврдување на штетата од елементарни непогоди формирана од Владата. Центарот за управување со кризи во согласност со законските надлежности навремено, целосно и соодветно ги реализираше сите неопходни активности поврзани со настаните со цел надминување и справување со опасностите на подрачјето на зафатените општини“, соопшти Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ