недела, 20 октомври 2024

Аналена Бербок: Заморот на Западот со Украина ќе биде фатален

Објавено на

часот

Сподели

Првиот состанок на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за надворешни работи се одржа во време на „застој“ на линијата на фронтот, како што претходно ја опиша ситуацијата на бојното поле командантот на украинската армија, генерал Валериј Залужни.

Меѓутоа, во пресрет на средбата во Брисел, шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба ја отфрли ваквата оценка на генералот Залужни.

Заморот на Западот со Украина и нејзините проблеми беше централна тема на седницата во Брисел, но според германската информативна програма „Тагешау“, министрите не понудиле конкретни решенија.

„Погледот кон Украина во моментов исчезнува од очите на јавноста – тоа е фатално“, предупреди Аналена Бербок, како што објави германското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи.

„Сите мора да работиме на дополнително проширување на зимскиот заштитен чадор за Украина“, додаде Бербок, мислејќи на зајакнувањето на украинската противвоздушна одбрана од руските напади.

Во кусото соопштение објавено од НАТО по состанокот се наведува дека Советот „се покажа како сигурен механизам за консултации во кризни ситуации“.

Украина и членките на алијансата развиваат „патна карта за транзиција на Украина кон целосна интероперабилност со НАТО“ – односно транзиција на Украина од советско на западно оружје и воена тактика.

Западните медиуми објавија бројни поплаки од украинските војници дека обуката што ја добиваат од земјите на НАТО не е применлива за сегашниот конфликт со Русија.

„Најдобар начин да избегнете да испраќате свои војници во војна е да ѝ помогнете на друга земја да ја води сопствената војна“, рече министерот Кулеба за новинарите. „Тоа е она што нѐ прави многу различни од другите. Нашиот договор е многу фер. Ни давате сѐ што ни треба, ние се бориме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ