понеделник, 16 септември 2024

Ана Дурловска се враќа во Скопје

После седумгодишен незаслужен бојкот, повторно со Македонската филхармонија. Вака Игор Дурловски ја прокоментира најавата за враќање на неговата сопруга оперската певица Ана Дурловска во Македонска филхармонија. Игор Дурловски, кој исто така е оперски пејач, беше во притвор заради настаните од 27 април.

 

Објавено на

часот

Сподели

Македонска филхармонија го најавува за 10 октомври свеченото отворање на роденденската сезона „Одисеја” (2024/2025) со „македонската сопранистка со волшебен глас – маестралната Ана Дурловски“. На концертот за првпат ќе прозвучат четири песни од циклусот „Шест едноставни песни” и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град” од австрискиот композитор Ерих Корнголд.

На програмата се и грандиозната симфонија во четири сцени – „Манфред” од П.И.Чајковски и премиерна изведба на увертира од домашен автор која ќе биде избрана на Конкурсот за нарачка на нови дела. Концертот ќе го води маестро Јерухам Шаровски од Израел.
На објавата на Игор Дурловски, одговори и актерот Владо Јовановски, кој исто така беше во притвор заради настаните од 27 април.

„Почитувано семејство Дурловски:

Во однос на бојкотот, Вашето ценето семејство во однос на нашево семејство Јовановски ни водите со предност од две години повеќе на црниот душмански список. Но ако го вклучам подолгиот мој притвор, кога и реално неможеа да ме ангажираат во МНТ, тука некаде сме, дали пет години или седум, не менува многу. Но, ако како семејство Јовановски го вклучиме, (заради мене пропаднатиот конкурс за вработување актери во МНТ пред три години), мислам дека дури и Ви водиме. Плус тогаш СДС осветничка поентираше, затоа што од тогаш па наваму младите во МНТ се забранети, како штетни за нивната ‘северна култура’, повторно заради Јовановски. Тоа го потврдија и со односот кон младата актерка Ана Јовановска на конкурсот во драмски, кога таа и Григор Јовановски за неколку промили или проценти не беа одбрани од ‘угледното’ жири, на чело со тогашната директорка на театарот, меѓу десетте вработени од осумдесет пријавени.

Така да, почитувано семејство Дурловски, што значат 5 – 7 или 10 години, во однос на бесконечната глупост и осветољубивост ЕСДЕЕСОВСКА – предавничка, душманска.

Само што времето поминува, а многу бавно се исправаат неправдите кои беа нанесени на многумина како и на нас“, напиша Јовановски на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ