Од понеделникот до 31 август на државните патишта во змјава е воведeн летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 9 до 18 часот и во недела 9 до 22 часот.
Фото: Надзорна камера Прешево за влез во Србија
На магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали – петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 7 до 22 часот.