четврток, 28 ноември 2024

Амнести: Најмалку 21 лице загинаа во Нигерија за време на протестите поради високите цени

Најмалку 21 лице загина во Нигерија за време на протестите поради високите цени, соопшти денеска невладината организација Амнести интернешенел.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Организацијата минатата недела соопшти дека најмалку 13 лица загинале за време на демонстрациите што започнаа минатиот четврток кога илјадници незадоволни граѓани се собраа низ целата земја и се судрија со полицијата.

Полицијата употребила солзавец и пукала во воздух.

Амнести интернешенел ги осуди и бара истрага за дејствијата на полицијата, како и истрага за смртните случаи за време на протестите, додека полицијата и армијата ја отфрлаат одговорноста за тоа.

Најнаселената земја во Африка, Нигерија минува низ сериозна економска криза по реформите спроведени од претседателот Бола Ахмед Тинубу, кој дојде на власт во мај 2023 година.

Демонстрантите бараат претседателот да повлече некои реформи, како што се ставање крај на субвенциите за гориво и крај на страдањето и гладот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ