понеделник, 16 септември 2024

Американско-британски сили бомбардирале пристанишен град во Јемен

Американски и британски воздушни сили доцна синоќа го гаѓале аеродромот под контрола на бунтовниците Хути во пристанишниот град Ходејда во Јемен. „Американско-британските агресори го нападнаа меѓународниот аеродром Ходејда“, пренесува телевизијата Ал масира, која се смета за гласило на Хутите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Медиумот не објави повеќе детали за нападите, но објави дека аеродромот бил нападнат неколку часа по островот Камаран, сместен на југот на Црвено Море.

Американската и британската војска немаат коментар за овие тврдења.

Ходејда е стратегиски важно пристаниште на Црвено Море. Според податоците на Обединетите нации, околу 70 отсто од увозот и 80 отсто од хуманитарната помош низ тој град влегуваат во Јемен, земја опустошена од долгата граѓанска војна, мешањето на странски сили и последичната хуманитарна криза.

Хутите со месеци напаѓаат бродови поврзани со Израел, САД и Британија во Црвено Море, барајќи прекин на израелската војна во Појасот Газа. Американските и британските сили напаѓаат цели во Јемен како одмазда.

Израел на 20 јули го нападна истиот пристанишен град, откако Хутите со дрон го гаѓаа Тел Авив. Јеменските бунтовници најавија дека ќе продолжат да го гаѓаат Израел, со акцент на неговата воена инфраструктура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ