Канцеларијата на директорот на националното разузнавање соопшти дека природното и лабораториското потекло остануваат веројатни сценарија, пренесе Би-би-си.
Забележано е дека повеќето американски разузнавачки агенции се согласуваат дека вирусот не е генетски модифициран или „лабораториски прилагоден“.
Потеклото на пандемијата е предмет на жестока дебата во Соединетите држави.
Кина категорично ја отфрли теоријата за истекување од лабораторија.
Извештајот беше објавен синоќа откако Конгресот усвои закон во март, давајќи ѝм на американските разузнавачки агенции 90 дена за откривање на декласифицираните документи за она што го дознале за Институтот за вирологија во Вухан.
Во извештајот се наведува дека американската разузнавачка заедница сè уште не може да ја исклучи можноста вирусот да потекнува од лабораторија.
Сите американски разузнавачки агенции се согласуваат дека ковид-19 не бил развиен како биолошко оружје, се вели во извештајот.
Во него се наведува дека Институтот за вирологија во Вухан и кинеската војска соработувале за коронавирусот за потребите на јавното здравје, но не и за инфекциите што веројатно би можеле да предизвикаат ковид-19.
Но, во извештајот се наведува и дека научниците од Институтот во Вухан конструирале „химери“ или комбинации на коронавирус и користеле техники на обратно генетско клонирање што би можеле да сокријат намерни промени.
Се наведува и дека некои истражувачи веројатно не користеле соодветни мерки на претпазливост пред пандемијата.
Сепак, американските разузнавачки агенции не се свесни за конкретниот инцидент за биосигурност во лабораторијата во Вухан што го предизвика избувнувањето на ковид-19, се вели во извештајот.