недела, 20 октомври 2024

Американскиот носач кој оди кон Израел со 75 авиони и 4.600 војници (ФОТО+ВИДЕО)

УСС Џералд Р. Форд, огромниот американски носач на авиони на нуклеарен погон, тргна кон источното Средоземно Море, кажа американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно неделава УСС Џералд Форд пловел со италијанската морнарица.

Носачот го придружуваат разурнувачи и крстосувачи со наведувани проектили.

усс-форд

УСС Џералд Р. Форд е најскапиот воен брод некогаш изграден. Чинел 12,9 милијарди долари. Изградбата почна во 2007 година, а на создавањето на моќниот носач работеле повеќе од 5.000 луѓе. Може да носи 75 авиони и 4.660 луѓе. Достигнува брзина од 30 јазли (55 км/ч), а секои шест минути од него може да полета еден авион, што теоретски овозможува дури 220 воздушни напади дневно.

усс-форд

Гордоста на американската морнарица е долг повеќе од 330 метри, а висок 76 метри. Наречен е по 38-от претседател на Соединетите Американски Држави Џералд Р. Форд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ