среда, 30 октомври 2024

Американскиот министер за одбрана: Конфликтот меѓу Израел и Хезболах не е неминовен

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека не верува оти е неизбежна сеопшта војна меѓу Израел и либански Хезболах и дека Вашингтон сака работите да се решат по дипломатски пат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Остин ги коментираше заканите на Израел за одмазда, на заедничката прес-конференција во Манила со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и нивните филипински колеги Гилберт Теодоро и Енрико Манало, пренесе Ројтерс.

Израел се закани со одмазда за смртоносниот ракетен напад на проиранскиот екстремистички Хезболах врз окупираниот Голан, во кој во саботата загинаа 12 деца, по девет месеци размена на оган на израелско-либанската граница во екот на војната против палестински Хамас во јужниот дел на Газа.

Хезболах негираше вмешаност во нападот на Голан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ