петок, 18 октомври 2024

Американски војник своеволно ја преминал границата во Северна Кореја

Објавено на

часот

Сподели

Американските власти соопштија дека Пјонгјанг не одговорил на прашањата на американската војска за војникот Травис Кинг. Државните медиуми на Северна Кореја засега не го коментираат инцидентот.

Зборувајќи во Јапонија, специјалниот американски претставник за Северна Кореја Сунг Ким кажа дека Соединетите Американски Држави „многу напорно работата“ за да го утврдат статусот на Кинг и се активно вклучени во неговата безбедност и враќање.

Ким не даде други детали. Претходно портпаролот на Стејт департментот Метју Милер кажа дека Пентагон ѝ се обратил на Корејската народна армија на Северна Кореја во врска со Кинг.

„Колку што сфатив, сè уште не е одговорено“, додаде тој. 23-годишниот Кинг во вторникот како цивил бил во посета на селото Панмунџом и ненадејно ја преминал воената демаркациска линија која ги раздвојува двете Кореи од завршувањето на војната во 1953.

Кинг бил дел од туристичка тура од околу 40 луѓе во посета на Заедничкото безбедносно подрачје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ