четврток, 31 октомври 2024

Американски дипломат: Србија вежба со НАТО па ѝ испраќа разузнавачки информации на Русија

Србија соработува со НАТО и Соединетите Американски Држави од две причини, пишува на својот блог американскиот дипломат Даниел Сервер. Првата е затоа што „пружаат добра обука, на која Русите не се во состојба да парираат“. Втората причина, смета албанскиот лобист, е бидејќи вежбите на НАТО пружаат одлична можност за собирање разузнавачки податоци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сервер говорот на претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод одбележувањето на годишнината од погромот на Косово и Метохија, го протолкува како „најава за инвазија“, објаснувајќи дека Белград информациите ѝ ги испраќа на Москва за да ги употреби во случај на „воена акција против НАТО силите на Косово“.

Сервер пишува дека на сите им е јасно дека американското „толерирање на однесувањето на Вучиќ“ нема да ја смени одлуката на Белград да застане со Москва. „Вашингтон треба да ги преиспита своите долгогодишни напори да му се додвори на Вучиќ“, пишува американскиот дипломат.

Според него, тој проект не само што пропаднал, туку поттикнал „негови иредентистички амбиции“, не само на Косово, туку и во Црна Гора и Босна и Херцеговина.

„Српскиот свет кон кој тој тежнее е стриктно аналоген на рускиот свет, кој претседателот Владимир Путин се обидува да го создаде во Грузија, Белорусија, Молдавија и најамбициозно во Украина. Западот треба да им се спротивстави на етнотериторијалните амбиции, а не да ги охрабрува“, смета Сервер.

„Американската политика треба да се врати на фаворизирање на своите пријатели на Балканот и спротивставување на своите непријатели“, заклучува тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ