четврток, 31 октомври 2024

Американски дипломат: Ако севернокорејските трупи дојдат во Украина, ќе се вратат во ковчези

Американскиот и јужнокорејскиот министер за одбрана ја повикаа Северна Кореја да ги повлече своите трупи од Русија, додека американскиот претставник во Обединетите нации Роберт Вуд отиде подалеку и се закани дека силите на Пјонгјанг, доколку влезат во Украина, „сигурно ќе се вратат во сандаци“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вашингтон тврди дека 10.000 севернокорејски војници се испратени за потенцијални акции против украинските сили. Русија и Северна Кореја ги продлабочија своите политички и воени сојузи за време на војната во Украина, но Западот тврди дека испраќањето севернокорејски трупи во борба против силите на Киев би значело ескалација.

„Ги повикувам да ги повлечат своите трупи од Русија“, кажа американскиот министер за одбрана Лојд Остин во Пентагон во средата, повторувајќи го повикот на заедничкиот настап со јужнокорејскиот колега Кин Џонг Хјун.

Белата куќа соопшти дека силите на Пјонгјанг би станале „легитимна воена цел“ доколку се борат против Украина, а Остин го повтори тој став.

Севернокорејските трупи би биле „соучесници во борбата, и постои секоја причина да веруваме дека ќе бидат убиени и ранети како резултат на борбата“, додаде тој.

Зборувајќи пред Советот за безбедност на Обединетите нации, Вуд издаде уште поексплицитна закана, порачувајќи дека, доколку силите на Северна Кореја „влезат во Украина поддржувајќи ја Русија, сигурно ќе се вратат во ковчези“.

„Би му советувал на претседателот Ким Џонг Ун добро да размисли пред да се впушти во такво непромислено и опасно донесување“, кажа Вуд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ