четврток, 24 октомври 2024

Американската амбасада во БиХ повторно го прашува Додик каде се парите

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Босна и Херцеговина повторно се огласи на социјалните мрежи и го праша претседателот на Република Српска Милорад Додик и неговото семејство каде се парите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е веќе четврти пат амбасадата на САД да го поставува ова прашање откако на американската црна листа завршија компании поврзани со семејството Додик, пред сè со Игор Додик.

Седум компании завршија на црната листа, вклучувајќи ја Проинтер односно Инфинити групата, како и телевизијата УНА која во меѓувреме се изгаси поради санкциите.

Во денешната објава на американската амбасада се наведува:

„Компаниите во сопственост на семејството Додик имале повластен третман и собирале субвенции, добивале договори и добивале тендери од владата и институциите на РС. Колку легитимни претпријатија и нивни работници, кои не се поврзани со семејството Додик, се заобиколени?“, наведува американската амбасада со веќе познатиот хаштаг #WhereIsTheMoney, односно Каде се парите?

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ