петок, 18 октомври 2024

Американска нуклеарна подморница во Јужна Кореја за првпат од осумдесеттите

Објавено на

часот

Сподели

Координаторот на Белата куќа за Индо-Пацификот Курт Кемпбел ја потврди посетата откако сојузниците почнале разговори со цел координирање на одговор во случај на нуклеарна војна со Северна Кореја.

„Додека зборувам, американска нуклеарна подморница влегува во пристаништето Бусан, тоа е прва посета на американска нуклеарна подморница по повеќе децении“, кажа Кемпбел во Сеул.

Додаде дека посетата на подморницата е манифестација на американската посветеност на одбраната на Јужна Кореја.

Групата, чија цел е подобра координација на сојузничкиот нуклеарен одговор во случај на војна со Северна Кореја, исто така беше најавена за време на априлскиот самит по сè погласните повици во Јужна Кореја за сопствено нуклеарно оружје, на што Вашингтон се противи.

Северна Кореја, која минатата недела тестираше интерконтинентална балистичка ракета, го осуди Пјонгјанг поради „отворениот разговор за употреба на нуклеарно оружје“ и предупреди на плановите на сојузниците да ја засилат демонстрацијата на воена сила, вклучувајќи ја посетата на подморницата.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја го потврди пристигнувањето на подморницата УСС Кентаки, од американската класа Охајо.

Американските нуклеарни подморници имаат стелт технологија за да го обезбедат својот опстанок и да ја зачуваат способноста да лансираат нуклеарни проектили за време на војна, и ретко јавно сопираат во странски пристаништа.

Соединетите Американски Држави се обврзаа да распоредат повеќе стратегиски средства како носачи на авиони, подморници и бомбардери со долг дострел во Јужна Кореја за да ја одвратат Северна Кореја, која развива сè посилни ракети за кои се верува дека можат да достигнат цели на територијата на САД.

Подморниците од класата Охајо носат 20 проектили „трајдент 2 Д5“, од кои секоја може да испорача до осум нуклеарни боеви глави до цели оддалечени до 12.000 километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ