Русија порача дека нападот со американски проектили е ескалација во војната, додека украинската воена разузнавачка служба објави дека Русија „се обидува да шири паника преку лажни онлајн пораки за претстоен воздушен напад“.
„Американската амбасада во Киев продолжи со работа по привременото затворање и препораката да се остане денес на безбедно место“, напиша американската амбасадорка во Украина Бриџет Бринк на Икс.
.@USEmbassyKyiv has resumed services following a temporary shelter-in-place suspension earlier today. We continue to encourage U.S. citizens to remain vigilant, monitor official Ukrainian sources for updates, and be prepared to shelter in place if an air alert is announced.…
— Ambassador Bridget A. Brink (@USAmbKyiv) November 20, 2024
„Продолжуваме да им препорачуваме на американските граѓани да бидат внимателни, да ги следат официјалните украински извори за ажурирања и да бидат спремни да се засолнат во случај на прогласување воздушна тревога“, додаде таа.
Американскиот Стејт департмент претходно соопшти дека очекува амбасадата во Киев да продолжи со нормална работа денес.